Американскиот кошаркар и центар на Шарлот Хорнетс, Монтрезл Херел се соочува со кривична пријава за поседување и продажба на дрога. Полицијата во неговиот автомобил пронашла вакумирани вреќи со марихуана.
Херел бил запрен за време на рутинска проверка во Ричмонд, Кентаки, на 12. мај, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на судски записи.
Полицаецот кој го запрел Херел изјавил дека „намирисал“ дрога и дека по претресот, во ранец на задното седиште пронашол 1,4 килограми марихуана, спакувани во вакумирани вреќички.
Херел е обвинет за трговија со 2,3 килограми марихуана, а може да се соочи со затворска казна до пет години.
Подготвителното рочиште е закажано за 13. јули во Окружниот суд Медисон.
Херел, поранешна ѕвезда на Универзитетот во Луисвил, одигра седум сезони во НБА, а во февруари им се приклучи на Шарлот Хорнетс.
Од доаѓањето во НБА лигата Херел има заработено над триесет милиони долари од плати.
Во сезоната 2019/2020 беше прогласен за најдобар шести играч во сезоната.