Македонија наредната сезона во Лигата на конференции ќе настапи со три тима. Македонија ЃП ќе го прескокне првото коло, додека натпреварите од првата рунда ќе ги започнат Шкендија и Академија Пандев.
Двата клуба, попладнево, ги добија своите противници.
Ждрепката во Нион ја спои Шкендија со Арарат, а Академија Пандев со Легија Гдањск.
Шкендија првиот натпревар ќе го игра на домашен терен, а во реваншот ќе гостува во Ерменија. Академија Пандев првиот натпревар ќе го играат во Полска, а домаќин ќе биде во реваншот.
Натпреварите во првата рунда ќе се играат на 7 и 14.јули.