Уругвајскиот интернационалец Дарвин Нуњез и официјално е нов фудбалер на Ливерпул. Англискиот премиерлигаш го претстави како ново засилување, а тој во првото интервју потенцираше дека му е чест што ќе игра на „Енфилд Роуд“ и ќе го носи дресот на „црвените“.
„Среќен сум што потпишав за Ливерпул, ова е голем клуб и чест ми е да бидам дел од историјата на „Енфилд Роуд“. Се надевам дека ќе помогнам во иднина да освоиме многу трофеи“, изјави Дарвин Нуњез.
An interview that’s not to be missed, as @Darwinn99 sits down for his first chat as a Red! ?
— Liverpool FC (@LFC) June 14, 2022