Кристијано Роналдо со целото свое семејство замина на летен одмор, користејќи ја паузата во светот на фудбалот пред да се врати на работа за уште една сезона со Манчестер јунајтед.
Во семејна фотографија, неговата партнерка Георгина ја држи нивната најмала ќеркичка, двомесечната Бела Есмералда, а тука се и Кристијано Јуниор (11), Ева (5), Матео (5) и Алана Мартина (4).
И самиот Роналдо подоцна на Инстаграм сподели фотографија од семеен оброк со порака: „Одмор со љубов“.
Роналдо не играше во неделниот пораз на Португалија од Швајцарија (0:1).
View this post on Instagram
View this post on Instagram