Top Sport

Кирјос не може без скандали – одбиваше да игра, го прозва Надал, па го победи Циципас

Ник Кирјос и никогаш не е здодевно. Австралискиот тенисер се пласираше во третото коло на подготвителниот турнир за Вимблдон во Хале, победувајќи го Стефанос Циципас со 5:7/6:2/6:4, откако претходно кршеше рекети, доби казна и во знак на протест одби да игра.

По загубениот прв сет со 5:7, Кирјос го здроби својот рекет, пред да ја врати контролата и да поведе со 2:0 и со 30:0 на сервис на Циципас, по што реши да отиде до својот пешкир и доби предупредување од судијата на столче.

„Не ме интересира, јас секогаш чекам. Кога играм против Рафа, јас го чекам“, коментираше Кирјос.

Тој потоа одби да го продолжи мечот и го повика контролерот на мечот, со кого се објаснуваше дека едноставно мора да ја избрише потта. Шампионот во двојки од Австралија опен, потоа сепак, продолжи да игра, освојувајќи го вториот сет со 6:2 и третиот со 6:4 за да обезбеди дуел со Шпанецот Пабло Карењо Буста во четврт-финалето на германскиот турнир.

Scroll to Top