Top Sport

Сити од Лондон ќе тргне во одбрана на титулата, Ливерпул на стартот против Фулам, Челси на гости кај Евертон

Кристал Палас и Арсенал, во петок на 5.август, ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата.

Актуелниот шампион Манчестер сити, одбраната на титулата ќе ја започне од Лондон. „Граѓаните“ на 7.август ќе гостуваат кај Вест Хем.

Во првото коло, повратникот во лигата Фулам, ќе го пречека вице-првакот Ливерпул. Во првото коло Челси ќе гостува кај Евертон, додека Ерик тен Хаг ќе дебитира на клупата на Манчестер јунајтед против Брајтон на „Олд Трафорд“.

Дербито помеѓу Манчестер сити и Ливерпул ќе се одигра на 15.октомври на „Етихад“.

Првата пресметка помеѓу Челзи и Манчестер Сити е закажана за 2.јануари, а втората во претпоследното коло. Интересни денови ќе бидат 1.октомври и 14.јануари 20223 година, бидејќи тогаш ќе градските дуели, Сити-Јунајтед и Арсенал-Тотенхем.

На 3. септември веќе се игра првото Мерсисајд дерби меѓу Евертон и Ливерпул, а домаќин ќе бидат „карамелите“.

Сезоната 2022/23 ќе биде единствена, бидејќи вклучува пауза од 13.ноември до 26. декември поради Светското првенство во Катар. Сезоната продолжува на „Боксинг деј“кога ќе се играат натпреварите Арсенал – Вест Хем, Брентфорд – Тотенхем, Кристал Палас – Фулам и Манчестер Јунајтед – Нотингем Форест.

Комплетниот распоред во Премиер лигата за сезоната 2022/23 може да го погледнете овде .

Scroll to Top