Top Sport

Каташ ќе го предводи Макаби

Познатиот израелски тренер и поранешен кошаркар Одед Каташ е новиот тренер на Макаби од Тел Авив. Каташ се враќа во Макаби, кој го водеше во сезоната 2007/08, кога по неколку месеци работа го напушти тимот.

Славниот Израелец преговараше со „Гордоста на Израел“ во текот на минатата сезона, кога во февруари, поради серијата на лоши резултати, клубот му врачи отказ на Гркот, Јанис Сферопулос.

Во меѓувреме, Каташ ги предводеше Хапоел Гилбоа, Хапоел Ерусалим, Хапоел Елиат, Хапоел Тел Авив и беше селектор на израелската репрезентација.

Како играч, четири години го носеше дресот на Макаби, потоа се пресели во Панатинаикос и со него успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Каташ во 1997 година беше најдобар стрелец на Евробаскетот.

Scroll to Top