Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд во среда ќе се појави пред судот во Салфорд во обид да остане на слобода со кауција по обвиненијата дека ја силувал и физички ја нападнал својата девојка, јавува „Дејли мејл“.
Полициската истрага за случајот од јануари продолжува, откако 20-годишниот напаѓач беше уапсен во јануари откако неговата девојка објави фотографии и видео-снимки на социјалните мрежи. Тој помина три вечери во притвор пред да биде пуштен на слобода со кауција.
Шпекулациите во англиските медиуми велеа дека тој ќе се „извлече“ без посериозна казна, но сега од полицијата потврдуваат дека истрагата не е завршена, а во исто време тој останува суспендиран од својот клуб. „Најк“ го раскинаа нивниот спонзорски договор со фудбалерот, додека „ЕА“ потврдија дека тој ќе биде изземен од нивната видео-игра „ФИФ 22“.
Гринвуд, кој имаше 22 гола во 83 меча за Јунајтед, последен пат играше за „ѓаволите“ при 1:0 победата над Вест хем на 22 јануари.