Top Sport

Леклер доби казна пред трката во Монтреал

Ферари смени компоненти пред трката во Монтреал и за тоа доби казна. Ферари донесоа неколку лоши одлуки покрај тоа и среќата им го сврте грбот на последните две трки кои се возеа низ улиците на Монте Карло и Баку.

Во Монте Карло, не успеаја да победата поради лошите тимски одлуки, а во Баку поради механички проблеми Шарл Леклер и Карлос Саинц не ја завршија трката.

Викендов се вози трката за Големата награда на Канада. Ферари објави дека пред почетокот на викендот решиле да сменат некои компоненти во болидот на Леклер. Поточно го сменија турбо полначот и моторот со внатрешно согорување.

Поради оваа промена Леклер ќе добие казна од десет места на стартот во Монтреал.

Моторот со внатрешно согорување, без да бидат казнети можат да го сменат уште еднаш, а истото важи и за генераторите за топлинска и кинетичката енергија, издувниот систем можат да го сменат уште четири пати, а имаат право на уште една бесплатна замена на електронската контролна единица уште еднаш.

Scroll to Top