Top Sport

Златан: Имаат среќа што не дојдов пред 10 години, ќе им бев претседател! (видео)

Златан Ибрахимовиќ полека ја освојува и Америка. Ова стана јасно откако ги предводеше Лос Анџелес галакси до 3:1 победа над Филаделфија јунион, по што изјави дека Американците имаат среќа – да дошол пред 10 години досега ќе им станел претседател.

Против Филаделфија, Златан во 48. минута асистираше на Камара за израмнување на 1:1, за во 63. минута да постигне фантастичен гол за предност, за во 82. минута Сијани да го постави конечниот резултат.

По мечот, на прашање како ја променил американската култура досега, Златан одговори во свој стил.

„Не знам колку ја сменив, бидејќи јас ја работам мојата работа. Но, тие имаат среќа што не дојдов пред 10 години, бидејќи досега ќе бев претседател“, вели Швеѓанецот.

Scroll to Top