Во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампионите, ЕХФ го објави олстар тимот на сезоната.
Барселона, Веспрем и Кил имаат по двајца играчи во идеалниот тим кој од клупата го предводи тренерот на Кјлеце, Талант Душебаев.
На голот е Никлас Ландин Јакобсен од Кил, на крилните позиции се Алеиш Гомез од Барселона (десно) и Хампус Ване од Фленсбург (лево).
Во бековската линија покрај десниот бек на Барселона, Дика Мем се и играчите на Веспрем, Кентан Мае и Петар Ненадиќ.
Пикер е Полјакот од ПСЖ, Камил Шипшак. Најдобар дефанзивец е Хнедик Пекелер од Кил.
ЕХФ за најдобар млад играч во Лигата на шампионите го прогласи Тобијас Грендал од Елверум.