Top Sport

Новиот газда на Челси ги „спушти“ фановите на земја: Нема веќе лудо трошење

Новиот сопственик на Челси, Тод Бели ги „спушти“ навивачите на „сините“ на земја, велејќи дека поради правилата за финансиски ферплеј (ФФП) на УЕФА неговиот клуб нема да може да „троши лудо“. Инвестициската групација предводена од Бели и „Клирлејк капитал“ го купија Челси минатиот месец откако поранешниот газда, Роман Абрамович мораше да го продаде клубот поради санкциите од британската влада.

Откако го презеде клубот во 2003, Абрамович потроши милијарди фунти на засилувања, трансформирајќи го лондонскиот клуб во еден од најголемите на светот, освојувајќи две европски титули. Тоа ќе се смени под американските газди.

„Финансискиот ферплеј почнува да покажува заби и тоа ќе придонесе за ограничување на способноста да се добијат фудбалери без разлика на цената. УЕФА е сериозна и ние ќе бидеме сериозни, бидејќи има закани за финансиски казни и дисквалификации“, изјавил Бели на конференција во Берлин.

Scroll to Top