Top Sport

Надал потврди дека ќе стане татко, но и дека ќе игра на Вимблдон

Зборувајќи на прес-конференција во Мајорка, освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, Рафаел Надал потврди дека ќе стане татко за првпат во животот, но и дека планира да игра на Вимблдон првпат по тригодишна пауза.

„Ако работите одат како што треба, ќе бидам татко. Не сум навикнат да зборувам за мојот приватен живот, и се обидувам да бидам посмирен и со понизок профил во јавноста. Но, не очекувам дека мојот живот ќе се смени многу“, изјави Надал, потврдувајќи дека неговата сопруга Мери „Чиска“ Перело, со која е во врска повеќе од 17 години, е бремена.

36-годишниот Шпанец, кој неодамна ја освои својата 14. титула од Ролан Гарос по победата над Каспер Руд исто така потврди дека планира да настапи на Вимблдон.

„Намерата е да се игра на Вимблдон, а оваа недела тренирав добро и во понеделник патуваам за Лондон. Повредата на стапалото треба да се надгледува постојано, така што уште не можам да бидам сигурен дали ќе играм. Но, намерата е да се игра“, вели Надал.

Scroll to Top