Формула 1 по три години се врати во Канада, по откажувањата поради корона-вирусот, и секако на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, повторно имавме „излетување“ на патеката од страна на еден мрмот.
Храбриот мрмот излета на патеката пред болидите на Карлос Саинс Јуниор во Ферари и Фернандо Алонсо во Алпине, но за среќа успеа да биде побрз од двата болиди.
Трката во Канада се одржува на патеката „Жил Вилнев“, која е изграена на вештачкиот остров Нотр Дам, и ова не е прв случај мрмоти да излетуваат на патеката, за среќа без да има судири.
The bravest little groundhog wandered onto the track during the #F1 practice session for the #CanadianGP.
(via @F1) pic.twitter.com/S5r9sC4aCS
— Motorsports on NBC (@MotorsportsNBC) June 17, 2022
Hamilton on his way to pet the groundhog after finally returning to Canada pic.twitter.com/6KL42Z25bB
— Dizzyight (@dizzyight) June 17, 2022