Top Sport

Лидс го купија Марк Рока од Баерн Минхен

Баерн Минхен продолжи со активноста во летниот преоден рок, откако Лидс јунајтед потврдија дека го купија поранешниот шпански младински репрезентативец, Марк Рока.

Шпанскиот фудбалер о средниот ред потпиша тригодишен договор со тимот на Џеси Марш, и премиерлигашот ќе плати 12 милиони евра за трансферот со дополнителни 5 милиони евра како бонуси. Еспањол ќе добие околу 20 отсто од трансферот, откако Рока пристигна од шпанскиот клуб во 2020 за 9 милиони евра.

„Ова е ново искуство и предизвик за мене. Лидс решија да ми дадат шанса, и ќе направам се што е можно да им вратам за довербата. Премиерлигата е најдобрата лига на светот, а историјата на Лидс е неверојатна“, изјави Рока.

Рока е трето засилување за Лидс оваа сезона по двата фудбалери кои исто така дојдоа од Бундеслигата, од поранешниот клуб на менаџерот Марш, РБ Лајпциг – американскиот напаѓач Бренден Аронсон (24.7 милиони фунти) и данскиот дефанзивец Расмус Кристенсен (10 милиони фунти).

Scroll to Top