Челси ќе бидат активни на трансфер пазарот, откако клубот доби нови газди. Планот на менаџерот Томас Тухел најпрвин е да тимот да се засили на крилните позиции.
Прва мета е Усман Дембеле кој е во преговори со клубот и наводно се многу блиску до договор. Но, Французинот нема да биде единственото засилување во офанзивниот дел од тимот.
Имено, англиските медиуми на големо пишуваат дека Рахим Стерлинг одлучил да го напушти Манчестер сити и дека Челзи ќе биде неговиот нов клуб.
Стерлинг не е задоволен од статусот кај Пеп Гвардиола и сака да замине во клуб каде што ќе има повеќе простор за игра. Интерес покажа и Арсенал, но Челзи прв направи конкретен потег.
„Сините“ се блиску до договор со Сити и се очекува овој трансфер да ги чини 40 милиони евра. Стерлинг преговара за условите на договорот кој треба да трае до летото 2025 година.
Челзи успеа да ја намали цената за Стерлинг бидејќи договорот му истекува следното лето, првично „граѓаните“ побараа околу 65 милиони евра.