Рајан Гигс ќе се повлече од местото селектор на Велс во исчекување на судењето за физички напад на својата поранешна девојка, бидејќи легендата на Манчестер јунајтед не сака да им попречи на своите фудбалери при подготовките за првото Светско првенство од 1958 година, јавува „Дејли мејл“.
48-годишниот Гигс, кој ги отфрла обвинувањата за нападот, привремено се повлече од позицијата во ноември 2020, по што неговиот помошник Роб Пејџ успеа да ги однесе Велшаните до Мундијалот по победата во баражот против Украина. Судењето на Гигс беше одложени за 8 август.
Гигс освои 13 титули од Премиерлигата и две од Лигата на шампионите во блескава фудбалска кариера, пред да биде поставен како привремен менаџер на „ѓаволите“ на крајот на сезоната 2013/14 по отказот кој го доби Дејвид Мојс. Следната сезона тој му беше помошник на Луис ван Гал, кој го препорача како свој наследник. Но, Јунајтед решија да го ангажираат Жозе Мурињо и Гигс замина од клубот во јули 2016, за во јануари 2018 да биде именуван за селектор на Велс, како замена за Крис Колмен.