Top Sport

Ник Кирјос потпиша за агенцијата на Наоми Осака

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос е првиот тенисер кој потпиша за агенцијата „Еволв“ на јапонската четирикратна гренд слем шампионка, Наоми Осака.

Осака и нејзиниот агент Стјуард Дугуид си заминаа од познатата агенција „ИМГ“ за да ја формираат „Еволв“ и нивно прво „засилување“ е токму Кирјос, тенисер кој го опишуваат со интересна реченица: „Без разлика дали го мразите или сакате, не можете да престанете да го гледате“.

„Кирјос е тип на спортист со кого сакаме да работиме во ‘Еволв’. Тој има препознатлив стил, страст и карактер каков што нема во спортот. Имаме големи работи за него во иднината кои се уникатни и никогаш не се направени“, вели Осака.

Кирјос имаше импресивен старт на сезоната на трева пред Вимблдон, пласирајќи се во полуфиналето во Штутгарт и Хале откако подолго паузираше од теннисот.

„Кога дознав дека Стјуард и Наоми почнуваат агенција со спортисти како мене во нивниот план, знаев дека сакам да бидам дел о тоа. Секогаш сум се обидувал да ги правам работите поинаку во мојата кариера и да го внесам мојот карактер во тенисот“, објаснува Кирјос.

Scroll to Top