Top Sport

Светската атлетика ќе го следи примерот на ФИНА за трансродовите спортисти?

Откако Светската пливачка федерација (ФИНА) донесе одлука да не дозволи на трансродовите спортисти кои поминале пубертет да настапуваат во женските категории, примерот најверојатно ќе го следи и Светската атлетика, откако претседателот Себастијан Коу ја нарече одлуката како исправна и посочи дека „биологијата е пред родот“.

Светската атлетика (поранешните ИААФ) ќе ги разгледува своите правила за трансродовите спортисти на крајот на годината, но се очекува и тие да го следат примерот на пливачката федерација. Засега, правилата во атлетиката велат дека трансродовите спортисти можат да се натпреваруваат со жените ако имаат ниво на тестостерон под 5 nmol/L барем 12 месеци пред натпреварувањата. Коу, легендата на британската атлетика се согласува со ФИНА.

„Во ФИНА имаме пример на интернационална спортска федерација која го користи својот авторитет за поставување на правила и регулативи кои се во најдобар интерес на спортот. Така и треба да биде. И ние секогаш сме верувале, и постојано сме повторувале, дека биологијата е пред родот и ќе донесеме регулативи според таа политика“, вели Коу.

Трансродовите особи повеќе нема да се натпреваруваат во женска конкуренција

Scroll to Top