Top Sport

Инзаги ќе остане на клупата на Интер и во наредните две години

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, потпишува нов договор со клубот до 2024 година. Тој го прифати предлогот на раководството на клубот за обновување на соработката.

Новиот договор со Интер на Симоне Инзаги ќе му донесе зголемување на платата. Тој моментно заработува 4 милиони евра годишно, но неговата плата ќе скокне на 5,5 милиони евра.

Инзаги седна на клушата на Интер пред почетокот на минатата сезона и успеа да освои два трофеи, Купот на Италија и Суперкупот. Сепак, неговиот тим ја загуби битката за шампионската титула во Серија А.

Scroll to Top