Сенегалскиот интернационалец Садио Мане е во Минхен и го одработи првиот дел од лекарските прегледи пред да го финализира трансферот од Ливерпул. На заминувањето од клиниката напаѓачот го облече дресот на Баерн, потпишувајќи автограми и фотографирајќи се со навивачите.
Вториот дел од тестовите ќе се одржат во медицинскиот центар на клубот, а презентацијата на новиот напаѓач е планирана за утре.
Баерн Минхен ќе му плати 32 милиони евра на Ливерпул, а останатите 9 милиони евра се врзани со бонуси.