Поранешниот репрезентативец на Србија, голманот на францускиот Аикс, Славиша Ѓукановиќ добил срцев удар на тренинг и неговата состојба е тешка, објавија француските медиуми.
Ѓукановиќ во понеделникот бил на тренинг, кога му се слошило и веднаш бил хоспитализиран во Марсеј.
38-годишниот Ѓукановиќ по настапите во српските тимови во 2002 година доаѓа во Франција во тимот на Кавигал Ница, и останува во Франција во текот на целата кариера, настапувајќи во тимовите на Порт Норман, Жирондин Бордо, Сен Рафаел и од оваа година во Екс.