Top Sport

Блумфилд не сака да го споредуваат со Болт

Откако Усеин Болт замина в пензија атлетиката бара нов крал. Еден од кандидатите е 20-годишниот Аким Блумфилд од Јамајка, кој во неделата на митингот од Дијамантската луга, прв пат во кариерата делницата од 200 метри ја истрча под 20 секунди.

Блумфилд забележа време 19.81 секунди по што започнаа споредувањата со легендарниот Болт.

„Мислам дека никој не може да го надмине Болт и мислам дека никој не може да го споредува со смртниците каков што сум јас. Доколку успеам да постигнам половина од она што го направи тој тоа ќе биде неверојатно достигнување“, рекол Блумфилд.

Овој атлетичар пред неколку недели успеа за помалку од 44 секунди да ја истрча делницата од 400 метри и стана првиот атлетичар од Јамајка со вакви достигнувања на 200 и 400 метри.

Scroll to Top