Екипата на Шкендија го дозна името на можниот рива во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Пред Шкендија стои Ред Бул Салцбург, екипа што минатата сезона стигна до полу-фиалето во Лига Европа.
За да стигне до двомечот со австрискиот тим, Шкендија ќе мора најпрвин да го елиминира првакот на Молдавија Шериф Тираспол.
Шериф утре од 20:15 часот ќе гостува во Скопје, а реваншот во Молдавија ќе се одигра за една недела.
Доколку Шкендија успее да го мине молдавскиот шампион, термините за дуелите со Салцбург се на 7/8. и 14/15. август.
Во случај шампионот на Македонија да не го мине Шериф Тираспол, тогаш европските натпревари ќе ги продолжи во третото коло во Лига Европа.