Рускиот голман на Њујорк ренџерс, Игор Шестеркин е освојувач на Везина трофејот како најдобар голман во НХЛ лигата, по фантастичната сезона.
26-годишниот Шестеркин помогна Ренџерс да влезат во плејофот првпат од 2017 година, пред да загубат во финалето на Истокот од двократниот актуелен шампион Темпа Беј лејтнинг. Шестеркин ги победи финалистите Џејкоб Маркстром од Калгари флејмс и Јусе Сарос од Нешвил предаторс, во гласањето кое го прават тренерите на сите НХЛ тимови, добивајќи 29 од 32 први места.
Шестеркин е втор руски голман со Везина трофејот во последните четири години, откако Андреј Василевскиј, голманот на Темпа Беј победи во 2019 година. Претходно, Сергеј Бобровскиј го крена трофејот двапати во пет години.