Мохамед Салах му прати порака на Садио Мане по неговиот трансфер во Баерн Минхен, фалејќи го својот поранешен соиграч од Ливерпул, откако на едно од најубоитите напаѓачки партнерства во Премиерлигата му дојде крај.
Сенегалецот замина од „Енфилд“ за 41 милиони евра, ставајќи крај на шестгодишниот престој на „Енфилд“, во кој пет години беше партнер на Салах во нападот, освојувајќи ги титулите од Премиерлигата и од Лигата на шампионите заедно.
„Ова беше добро возење. Ти благодарам за сите добри времиња и ти посакувам се најдобро во новата авантура. Ќе ни недостасуваш на сите“, напиша Салах на Твитер со неколку фотографии на кои двајцата прославуваат.
Минатата сезона, Салах и Мане поставија рекорд откако двајцата постигнаа гол во 30-ти меч, нешто незабележано во Премиерлигата.
It’s been quite a ride! Thank you for all the good times and I wish you all the best in your new adventure! You will be missed by all of us. pic.twitter.com/zndPry1mfg
— Mohamed Salah (@MoSalah) June 22, 2022