Македонскиот првак Вардар е суспендиран од ЕХФ за настап во европските натпреварувања, а во Лигата на шампионите нема да учествува ниту вицепрвакот Еурофарм Пелистер.
ЕХФ официјално го објави списокот на екипи кои аплицирале за ЛШ, како и оние кои имаат сигурен статус за сезоната 2022/23.
Тоа се ГОГ (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Магдебург и Кил (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Кјелце (Полска), Динамо Букурешт (Романија).
Од земјите кои веќе имаат по еден претставник за втора вајлд – карта аплицираат Алборг (Данска), Гранољерс (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Нант (Франција), Висла (Полска), Спортинг (Португалија) и Баја Маре (Романија).
Истовремено шест клубови од Лига Европа аплицираа за ЛШ, а тоа се екипите на ППД Загреб, Елверум, Целје, Иштад, Шафхаузен и Мотор Запорожје.