Фудбалскиот сојуз на германија (ДФБ) жали поради одлуката на Месут Езил да повлече од националниот тим, но ги отфрли неговите обвинувања за расизам.
Играчот на Арсенал, вчера, објави дека повеќе нема да игра за германската репрезентација поради „непочитувањето и расизмот“ со кој се соочувал.
Езил тврди дека примал заканувачки пораки и дека е обвинет за дебаклот на Германија на Светското првенство.
Во ДФБ жалат што Езил донел ваква одлука и потенцираат дека можеле да сторат повеќе за да го заштитат фудбалерот.
„Ги одбиваме тврдењата во кои ДФБ се поврзува со расизмот. Ние, години наназад сме вклучени во интегративните процеси во Германија“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Германија.