Алфа Таури потврди дека францускиот возач Пјер Гасли останува во тимот и во 2023 година, ставајќи крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
Ова значи дека Гасли ќе остане обврзан со програмата на Ред бул преку јуниорскиот тим, со кој во 2020 славно стигна до победа на Италијанското ГП. Откако Серхио Перез го продолжи договорот со Ред бул, стана јасно дека Гасли нема да може да се врати во главниот тим барем до 2025 година.
„Со овој тим сум веќе пет години и горд сум на тоа што го остваривме заедно. Пресреќен сум што останувам со Скудерија Алфа Таури. Новите правила донесоа нов предизвик и нов шанса за развој за иднината“, вели Гасли.
Со оваа потврда речиси сигурни во 2023 година ќе има мало движење на пазарот на возачи. Шпекулациите велат дека Ф2 шампионот, Оскар Пјастри ќе го замени Николас Латифи во Вилијамс, а единствено потенцијалната одлука на Себастијан Фетел да се пензионира може да донесе празно место во Астон Мартин.
he's not going anywhere! ? @PierreGASLY stays with the team for 2023! ?
read more ? https://t.co/tRJojqwwHQ pic.twitter.com/JsW0WIdVRV
— Scuderia AlphaTauri (@AlphaTauriF1) June 24, 2022