Полицијата во Манчестер потврди дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд ќе остане на слобода со кауција по вчерашното судско сослушување. Гринвуд беше суспендиран од Јунајтед на 30 јануари, кога беше уапсен со обвинение за силување и физички напад на неговата 20-годишна девојка, која потоа го обвини и за закани по нејзиниот живот.
„По вчерашното сослушување, 20-годишниот маж уапсен со сомнеж за силување, напад и закани за убиство останува на слобода со кауција. Ова не ја попречува постапката за истрагата на случајот, и полицијата нема да дава дополнителни објави додека трае истрагата“, се вели во објавата.
Покрај суспензијата од Јунајтед, „Најк“ го раскинаа договорот за спонзорство со напаѓачот, додека „ЕА спортс“ го извадија од видео-играта „ФИФА“.