Англиските шампиони, Манчестер сити продолжуваат со импресивните засилувања во летниот преоден рок, откако по пристигнувањето на Ерлинг Халанд во нападот, англиските медиуми тврдат дека се договориле и со Лидс за трансфер на репрезентативецот Калвин Филипс за 42 милиони фунти.
26-годишниот Филипс, кој е 12 години на „Еланд роуд“, стана репрезентативец на Англија откако импресионираше по Марсело Биелса во 2020 година, и ќе биде совршена замена за капитенот Фернандињо, кој го напушти Сити.
Според шпекулациите во англиските медиуми, ова не е последна зделка на Сити во летниот преоден рок, биејќи следен на листата е Шпанецот Марк Кукурела од Брајтон. Сити исто така го донесоа и младиот Аргентинец, Хулијан Алварез. Сепак, од „Етихад“ може да си заминат Габриел Жесус, за кого се заинтересирани во Арсенал, како и Рахим Стерлинг, за кого интерес има во Челси.
Manchester City are on the verge of securing a £42 million deal for Leeds midfielder Kalvin Philips | @SamWallaceTel and @JPercyTelegraph #mcfc #lufc https://t.co/Q27yM97E2r
— Telegraph Football (@TeleFootball) June 24, 2022