Top Sport

Хери Мегваер се ожени со својата долгогодишна девојка

Пред утрешното враќање на тренинзите со Манчестер јунајтед, нивниот капитен Хери Мегваер во саботата се ожени со својата долгогодишна девојка Ферн Хокинс во Шато де Варен на југот на Франција.

29-годишниот Мегваер и 27-годишната Ферн ги донеле своите 30-тина гости во Франција со приватен авион, а заедно се веќе 11 години, кога се запознаа додека Мегваер беше фудбалер на младинскиот тим на Шефилд јунајтед. Тие се свршија во Париз во 2018 година и веќе имаат две ќеркички, Лили Сеинт и Пајпер Роуз.

Scroll to Top