Top Sport

Барса и Јунајтед блиску до договор за Де Јонг, Каталонците со нова понуда за Левандовски

Манчестер јунајтед и Барселона се блиску до договор за трансферот на Френки де Јонг за 80 милиони евра, ставајќи крај на една од најдолгите „саги“ во летниот преоден рок и дозволувајќи каталонскиот клуб да даде нова понуда за Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Поранешниот фубалер на Ајакс, Де Јонг наводно е клучниот човек во изградбата на нов Јунајтед од страна на менаџерот Ерик Тен Хаг, и според каталонскиот „Спорт“ договорот ќе се потпише до крајот на јуни. Барселона првично бараше 80 милиони евра, и не попушташе по двете официјални понуди од „ѓаволите“.

Во исто време, Барселона ја дала последната понуда за Левандовски, блиску до посакуваните 50 милиони евра од германскиот шампион. Агентот на Левандовски, Пини Захави веќе преговарал со Баерн и Барселона се оптимисти дека заедно со трансферот на Де Јонг, ќе се комплетира и трансферот на полскиот напаѓач. 33-годишниот Левандовски јавно побара трансфер од Баерн, велејќи дека на таа „ера“ и дојде крај.

Scroll to Top