Јувентус ја одбиј можноста да ги добијата Тимо Вернер или Кристијан Пулишиќ и ќе прифатат само висока кеш-понуа од Челси за Матијс де Лихт, јавуваат италијанските медиуми.
На Томас Тухел му е потребен централен бек ова лето по заминувањето на Антонио Ридигер и Андреас Кристиенсен, и во Матијс де Лихт гледаат совршена замена, откако Холанѓанецот ја одби понудата за продолжување на договорот од „бјанконерите“, а им „избега“ и Жил Кунде од Севилја, кој најверојатно ќе потпише за Барса.
„Сините“ понудиле 40 милиони фунти плус еден од Пулишиќ или Вернер, но според „Тутоспорт“, Јувентус не биле импресионирани. „Старата дама“ го цени Де Лихт на 100 милиони евра, десет милиони повеќе од сумата која ја платија на Ајакс пред три години, со што тој би станал најскапиот одбранбен фудбалер во историјата.