Top Sport

Милан ќе „бираат“ помеѓу Асенсио и Зијеш

Милан ќе мораат да изберат помеѓу Хаким Зијеш од Челси и Марко Асенсио од Реал Мадрид за засилување на нападот ова лето, откако по неуспехот да го обезбедат Свен Ботман, фокусот се префрлил од одбраната во нападот, тврди „Ла газета дело спорт“.

„Росонерите“ не сакаа да платат 30 милиони евра за Ботман и не влегоа во наддавање со Њукасл за услугите на Холанѓанецот, и наместо тоа сега ќе се фокусираат на опциите во нападот за тимот на Стефано Пиоли.

Зијеш би можеле да го добијат на позајмица од Челси, откако неговиот агент наводно веќе се понудил на италијанските шампиони, но Милан го преферираат Асенсио, бидејќи тој е во последната година од договорот и е помлад со своите 26 години. Сепак, Реал бараат 40 милиони евра, а Милан се подготвени да дадат максимум 30 милиони евра.

Scroll to Top