Дидие Дешам останува француски селектор до 2020 година, откако Француската фудбалска федерација (ФФФ) му даде нов договор по успешните квалификации за СП во Русија следната година.
Дешам, кој беше дел од славниот француски тим кој го освои Мундијалот во 1998 година, е поранешен тренер на Монако, Јувентус и Марсеј, додека на селекторското место е од 2012 година, кога го замени својот поранешен соиграч, Лорен Блан по Европското првенство.
„Бевме на ручек со Дидие за продолжување на соработката до крајот на Евро 2020. Му дадов осум дена да размисли и по уште еден ручек се согласивме. Тој останува со нас“, изјави претседателот на ФФФ, Ноел ле Гае.
Дешам ги предводеше Французите на СП во Бразил во 2014, кога стигнаа до четврт-финалето, пред да загубат во финалето на Евро 2016 на домашен терен од Португалија.
Во квалификациите за Русија, Франција имаше мали проблеми, но сепак, оствари директен пласман како победник во групата А, а со млад и талентиран состав може да биде еден од фаворитите во Русија следното лето.
[OFFICIEL] – Didier Deschamps est prolongé à la tête de l’@equipedefrance jusqu’en 2020 ! #FiersdetreBleus pic.twitter.com/4885Mb8bw4
— FFF (@FFF) October 31, 2017