Капитенот на Манчестер Сити, Фернандињо, го напушта „Етихад“. Тој се враќа во татковината, каде потпиша со Атлетико Параненсе. Доби двегодишен договор од бразилскиот клуб и реши да замине од Сити во кој пристигна во 2013 година.
Интересно, во тимот веќе нема играчи кои ја освоија титулата со Манчестер Сити без Пеп Гвардиола. Поточно, Фернандињо е последниот кој го крена англискиот шампионски пехар во 2014 година и досега остана во тимот.
Во тој тим, предводен од Мануел Пелегрини, играа уште некои големи имиња – Харт, Компани, Забалета, Лескот, Милнер, Насри, Негредо, Џеко, Коларов, Хесус Навас, Агуеро, Давид Силва, Клиши, Бери, Јаја Туре …
Фернандињо сега се враќа во Атлетико Параненсе, каде играше од 2002 до 2005 година, кога како 20-годишен фудбалер се пресели во Шахтјор Доњецк.
Фернандињо за Манчестер Сити одигра дури 383 натпревари, постигна 26 гола и забележа 33 асистенции. Има дури пет титули во Премиерлигата, шест трофеи во Лига купот, еден во ФА Купот и му недостига само Лигата на шампионите.