Top Sport

Панатинаикос го „краде“ тренерот на Црвена Звезда

Тренерот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ, би можел да го напушти белградскиот клуб и да се пресели во Панатинаикос. Црногорскиот стратег е во преговори за продолжувањето на договорот со „црвено-белите“, но тие се одвиваат бавно. Тоа сака да го искористи Панатинаикос и да го доведе во Атина.

Грчкиот тим имаше очајна сезона и се надева дека со Радоњиќ на клупата ќе тргне во позитивна насока. Црногорскиот тренер со Црвена Звезда освои 15 трофеи, а изминатата сезона ја заврши со тројна круна.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');