Top Sport

Јирген Клоп во Порто го пронајде наследникот на Салах

Англискиот премиерлигаш Ливерпул повторно ќе купува во Португалија, но овојпат од Порто. Откако дојде Дарвин Нуњез од Бенфика, сега менаџерот Јирген Клоп го посакува и Отавио, една од ѕвездите на Порто.

Германскиот стратег сака да се обезбеди со уште едно засилување во нападот, со оглед на најавите дека Мохамед Салах можеби и нема да го продолжи договорот со „црвените“. Доколку тоа не се случи, тогаш најверојатно ќе биде продаден на крајот од летото.

Јирген Клоп смета дека Отавио би бил одличен наследник на Салах. Ливерпул е подготвен да плати 45 милиони евра за напаѓачот на Порто.

Scroll to Top