Такуми Минамино потпиша четиригодишен договор со Монако, комплетирајќи го трансферот од 18 милиони евра од Ливерпул, во обид да добие поголема минутажа.
27-годишниот Минамино е третиот фудбалер на Ливерпул кој заминува од клубот по Садио Мане и Дивок Ориги, ставајќи крај на двеиполгодишниот престој на „Енфилд“, откако „црвените“ платија 8.4 милиони евра да го добијат од Ред бул Салцбург во јануари 2020 година. Минамино имаше 55 настапи за Ливерпул и 14 гола,
„За мене е голема среќа што се приклучувам на Монако, и ќе бидам дел од возбудливиот проект во клуб со голема традиција“, изјави Минамино.
ようこそ、南野選手 !
Welcome @takumina0116 ??✍?#WelcomeTakumi pic.twitter.com/2kpTKrGFmC
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) June 28, 2022