Ромелу Лукаку е во Милано, да ги мине лекарските прегледи и да потпише за Интер. Навивачите на клубот со ентузијазам го пречекаа, иако имаше најави дека можеби и ќе го бојкотираат затоа што замина во Челси.
Лукаку е видно воодушевен што се враќа во градот и клубот каде што ја ревитализираше својата кариера пред три години и се надева дека ќе успее и повторно. Тој враќа во Интер на едногодишна позајмица од Челси.
Белгискиот голгетер дојде во Интер од Манчестер Јунајтед летото 2019 година со обештетување од 80 милиони евра. Така тој стана убедливо најскапиот играч во историјата на Интер, кој ризикуваше со оваа инвестиција.
Сепак, трансферот им се исплатеше на двете страни. Лукаку постигна 64 гола и забележа 16 асистенции.
Inter, è di nuovo Romelu-mania: i tifosi “assediano” l’aeroporto #calciomercato https://t.co/buTSc7XqYp
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 28, 2022