Барселона ја зголеми понудата до Баерн Минхен за Роберт Левандовски на 40 милиони евра, плус пет милиони евра бонус, објавија германските медиуми. Откако прво понудија 32, а потоа 35 милиони, челниците на каталонскиот клуб уште еднаш ја зголемија понудата.
Според „Билд“, Баерн бара 60 милиони евра за најдобриот светски фудбалер во изборот на ФИФА во последните две години. Неговиот договор со баварскиот клуб истекува следната сезона, кога ќе наполни 34 години.
Трансферот на Левандовски зависи од уште едни преговори. Барселона би можела да го продаде Холанѓанецот Френки де Јонг на Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра и на тој начин да добие средства за Левандовски.