Top Sport

Кошаркарите речиси цел ден ќе патуваат до Сарагоса

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија отпатува за Сарагоса, каде в петок ќе му гостува на актуелниот светски првак Шпанија во натпревар од петтото коло во квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

Речиси целиот ден на кошаркарите е резервиран за патување. Од меѓународниот аеродром во Скопје тргнаа за Истанбул, од каде следува уште еден авио-трансфер до Мадрид.

По пристигнувањето во шпанската престолнина, следува уште една „преселба“, и тричасовен автобуски превоз до Сарагоса, градот во кој на првиот ден од јули, ќего играат натпреварот од квалификациската група Г за пласман на Мундобаскетот.

Селекторот Драган Бајиќ има на располагање подмладен состав, но верува дека националниот тим ќе му даде силен отпор на фаворитот во групата.

Scroll to Top