Top Sport

Барса и Јунајтед се договориле, ама Френки де Јонг не сака на „Олд Трафорд“

Барселона и Манчестер Јунајтед се блиску до договор за трансфер на Френки де Јонг на „Олд Трафорд“, но фудбалерот и понатаму одбива да го напушти својот сегашен тим. Холанѓанецот е решен да остане во Барса и во моментов нема намера да ја промени својата одлука. Играчот веќе ги известил двата клуба за својата позиција.

Барселона и Манчестер Јунајтед сигурно ќе продолжат да се обидуваат да го убедат Де Јонг да се пресели на „Олд Трафорд“. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, веќе разговараше со одличниот играч за врска, кого одлично го познава, но и покрај неговите ветувања дека ќе биде еден од главните актери во проектот, тоа се уште нема резултат.

Дополнително, според договорот на Де Јонг, неговата плата би требало значително да се зголеми за неговата четврта сезона на „Камп Ноу“. Барселона не може да си го дозволи тоа, а доколку Френки де Јонг и понатаму остане непоколеблив во желбата да продолжи да го носи дресот на Барселона, ќе мора да се согласи на ревидирање на платата.

Scroll to Top