Рускиот милијардер Алишер Усманов по повеќе обиди целосно да го преземе Арсенал, се откажа од англискиот премиерлигаш и ги постави своите 30 отсто акции на продажба, јавува „Финеншл тајмс“.
Усманов претходно имаше обид од 1.3 милијарди долари да го купи лондонскиот премиерлигаш од главниот акционер, Американецот Стен Кренке, но неговата КСЕ компанија наместо тоа го зголеми процентот на акциите и јасно порача дека клубот не е на продажба.
Според „ФТ“, Усманов сега целосно се откажал од надежта дека во иднина може да го откупи клубот и затоа решил да ги продаде акциите, кои најверојатно ќе завршат токми кај Кренке.