Повеќе италијански медиуми тврдат дека Жозе Мурињо договорил ново засилување на Рома, носејќи го десниот бек Зеки Челик од Лил за 7 милиони евра, плус процент од следната продажба.
Споре „Ил темпо“ и „Скај спорт Италија“, на денешниот состанок се решиле деталите на договорот – „волчицата“ ќе плати 7 милиони евра плус 15 отсто од секој следен трансфер.
25-годишниот турски репрезентативец имаше договор со Лил до јуни 2023 година, а беше поврзуван и со трансфер во Фиорентина. Инаку, Лил го поставија поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека како нов тренер на тимот.