Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди употребата на полуавтоматска офсајд технологија на претстојното Светско првенство во Катар.
Постапката за користење на новиот систем е претставена во четири точки.
Натпреварите на Светското првенство во Катар ќе ги снимаат 12 специјализирани камери, подготвени да лоцираат по 29 точки на секој фудбалер на теренот 50 пати во секунда.
Сензорите, сместени во центарот на топката, со фреквенција од 500 херци, ќе пренесуваат податоци 500 пати во секунда.
Технологијата ќе им сигнализира потенцијален офсајд на судиите во ВАР собата, во секое време.Тие потоа ќе ја проверат конкретната ситуација на терен и доколку има потреба ќе реагираат.
Ситуацијата, потврдена како офсајд од судиите на теренот и во ВАР собата, ќе се емитува во 3Д анимација на екраните на стадионите и во директните телевизиски преноси.
BREAKING: FIFA have confirmed that new semi-automated offside technology will be used at the 2022 Qatar World Cup. pic.twitter.com/sHcjpTqv4T
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 1, 2022