Чешкиот кошаркар Јан Весели (32) кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Весели по осум години го напушти Фенербахче со кој во 2017 година ја освои Евролигата.
Јан Весели потпиша тригодишен договор со Барселона. Минатата сезона тој имаше просек од 13,6 поени и 6,1 скока по натпревар.
Весели пред Фенер играше за Денвер Нагетс и Вашингтон Визардс во НБА лигата.
Професионалната кариера Весели ја започна во 2007 година во Слован, а потоа три сезони го носеше дресот на Партизан.
Беше МВП на Евролигата 2019 година, трипати член на идеалната петорка, четири пати шампион на Турција, по три пати на Јадранската лига и Србија.