Top Sport

Мудрински се фалел дека го „убил“ Целје па остана без договор

Српскиот фудбалер Огњен Мудрински поради видеоот на кое се пофали дека го „убил“ словенечкиот тим Целје остана без договор.

„Брат, ги убив! Убиени… Па, собираат пари низ Целје, имаш ли црна торба да им ја однесеш да ги соберат парите и тие да бидат кај тебе. Ајде, ќе се видиме наскоро“, му вели Мудрински на еден пријател. Не е јасно само како видеото се прошири на социјалните мрежи, а кога го погледнале луѓето од Целје веднаш ги прекинале преговорите.

Мудрински требаше да стане најплатениот фудбалер во Словенија, но како што информираат од тамошниот тим сега од таа работа нема ништо.

„Поради глупост Огњен Мудрински остана без договорот од соништата. Прашање е каква ќе биде официјалната верзија, но од сигурни извори ни беше кажано дека во Целје го пречкртале српскиот напаѓач откако ја погледнале снимката, иако беа блиску до договор и работеа на деталите“, пишува словенечкиот портал „Екипа“.

Мудрински минатата сезона настапуваше за Марибор како позајмен играч од полска Јагелонија и со 17 гола му помогна на тимот од „Људски врт“ да ја освои шампионската титула.

Scroll to Top