Top Sport

Рафиња го стопирал трансферот во Челси

Фудбалерот на Лидс, Бразилецот Рафиња, зад себе има уште една брилијантна сезона. Поради тоа го привлече вниманието на најголемите европски клубови. На челниците на Лидс им е јасно дека нема да можат да го задржат својот најдобар играч, кој во меѓувреме стана и стандарден репрезентативец на Бразил.

Договорот на Рафиња со премиерлигашот истекува за две години, но летово 25-годишниот фудбалер сигурно ќе го напушти „Еланд роуд“.

Лидс ја прифати понудата на Челзи од 60 милиони фунти за Рафиња, но играчот се уште се премислува, негова желба е кариерата да ја продолжи во Барселона.

Проблем е што Барса нуди помалку пари, 50 милиони евра во кеш и 10 милиони евра низ разни бонуси. Лидс оваа сума не сака да ја прифати.

Времето ќе покаже дали Лидс ќе се согласат да заработат помалку пари за својот најдобар играч.

Scroll to Top